Освежителен и кремаст вкус
Може ли некој да му одолее на чоколадниот сладолед? Наместо да го купите, обидете се да го направите сами, вкусот ќе ве воодушеви. Брзо и лесно се подготвува, а совршен е за неделно опуштање во.
Состојки:
400 гр кондензирано млеко
500 мл слатка павлака
60 гр какао
50 гр чоколадо
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака, какаото и кондензираното млеко. Кога сите состојки добро ќе се соединат, додадете го стопеното чоколадо. Ставете во замрзнувач неколку часа и сладоледот е готов.
Уживајте!