вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Тирамису од јагоди: Се топи во уста, не се пече и се подготвува за помалку од половина час

Тирамису од јагоди: Се топи во уста, не се пече и се подготвува за помалку од половина час

Подгответе лесен и освежителен десерт, а тирамисуто од јагоди е идеална опција.

За негово подготвување ви треба помалку од половина час, а најдобро од сè е што не се пече.

Време на подготовка: 30 минути

Состојки:

100 гр јагоди
30 гр шеќер
1 лажица сок од лимон
200 мл слатка павлака
40 гр шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
200 гр маскарпоне сирење
бисквити

За декорација:

јагоди
1 лажичка прашок со вкус на јагода
1 лажичка шеќер во прав

Подготовка:

Јагодите измијте ги, исчистете ги и исечете ги по должина. Потоа во тенџере измешајте ги јагодите, шеќерот и сокот од лимон и варете додека смесата не зоврие, па тргнете го тенџерето од шпоретот.

Во посебен сад се матат слатката павлака, ванилата и шеќерот во прав, па се додава сирењето маскарпоне и се продолжува со матење, по што се додаваат јагодите (за бисквитите задолжително оставете малку сируп) и нежно мешајте.

Бисквитите наредете ги во огноотпорен сад, па прелијте ги со сируп од јагоди, наредете јагоди исечени на половина и прелијте со белиот фил.

Измешајте шеќер во прав и прав со вкус на јагоди и посипете го врз колачот. Украсете со јагоди и нане.