понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Фејсбук привремено оневозможи некои функции на Месинџер и Инстаграм

Фејсбук привремено оневозможи некои функции на Месинџер и Инстаграм

Фејсбук ги информираше корисниците на Месинџер и Инстаграм во Европа дека некои функции во моментот се привремено недостапни.

Пораката се појави во апликациите на Фејсбук, Месенџер и Инстаграм за европските корисници оваа недела, истакнувајќи дека некои карактеристики не се достапни поради „усогласеност со новите правила на услугите за пораки во Европа“.

Фејсбук не прецизира точно кои функции ќе недостасуваат, но компанијата на своите страници за поддршка открива дека истражувањата и на „Месинџер“ и „Инстаграм“ во моментов не се достапни во Европа.

Етикетите на Инстаграм исто така недостасуваат и персонализираните одговори на Месинџер не се можни. Други недостатоци може да вклучуваат испраќање одредени датотеки до Messenger и неможноста да се постават прекари.