недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Чиле започна со дресирање на кучиња кои ќе се користат за откривање на заболени од корона вирусот

Чиле започна со дресирање на кучиња кои ќе се користат за откривање на заболени од корона вирусот

Чилеанската полиција почна да дресира кучиња кои ќе се користат за да откриваат луѓе болни од корона вирусот, така што ќе го откриваат присуството на вирусот во потта на пациентите.

Веќе се дресираат три златни ретривери и еден лабрадор, стари помеѓу четири и пет години, кои до сега се користеле за откривање на дрога, експлозив и исчезнати лица, соопштуваат од полицијата. Оваа програма се спроведува во соработка со чилеанската полиција, карабинерите и универзитетските стручњаци. Слични иницијативи неодамна биле иницирани и во Франција и Велика Британија.

Познато е дека кучињата имаат 330 милиони сензори за мирис, а нивната способност за откривање на мириси е 50 пати поголема отколку кај човекот.

–Вирусот нема мирис, но инфекцијата која предизвикува промена на метаболизмот, предизвикува лачење на еден вид пот која кучето може да ја открие, објаснува професорот по ветеринарна епидемиологија Фернандо Мардонес.

Тој потсетува дека кучињата можат да откријат туберкулоза, паразитни инфекции, па дури и рани стадиуми на канцер.

Тие исто така можат да регистрираат мали промени на температурата, што може да помогне во утврдување дали лицето има треска. Исто така, Светската организација за здравјето на животните, тврди дека мала е веројатноста самите кучиња да бидат заразени.

Дресирањето на кучињата започнала пред еден месец со примероци од пот земани од пациенти кои биле на болничко лекување.

Стручњаците очекуваат дека кучињата ќе бидат подготвени веќе во август. Се планира да бидат распоредувани на железничките станици, аеродромите и во амбулантите.

Во Чиле има 319.493 заразени со корона вирус, а повеќе од 11.000 починаа од болеста, покажуваат податоците на министерството за здравство.