четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали некогаш сте виделе делфин како задева галеб? (ВИДЕО)

Дали некогаш сте виделе делфин како задева галеб? (ВИДЕО)

Би се рекло дека делфинот бил многу расположен за игра, штом го задевал галебот на овој малку „суров“ начин.

Општо познато е колку делфини, па дури и оние кои не пораснале со луѓе, можат да бидат разиграни и пријателски расположени.

Наидовме на видео на интернет, кое зборува во прилог на тоа.

Еден делфин решил малку да го задева галебот, би рекле на „суров“ начин.

Нашол риба и му ја фрлил на галебот пред „нос“.

Кутриот желно гледал, веројатно надевајќи се дека на делфинот сепак ќе му испадне рибата или дека ќе ја фати, но тоа не се случи.