Шестгодишно девојче од Германија, кое добило мобилен телефон како божиќен подарок, одлучило веднаш да ја испроба новата „играчка“ и телефонирално на единствениот број кој го знае напамет, на полицијата.
Девојчето остварило 19 повици, па полицијата откако го слушнала детскиот глас веднаш го лоцирала телефонот мислејќи дека треба да интервенира.
Германската полиција стапила во контакт со родителите на детето, па и покрај тоа што повиците биле „лажни“, тие само ги замолиле родителите да го научат детето правилно да го користи телефонот. (МИА)