петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Фотографии од Вселената на супертајфунот Трами

Фотографии од Вселената на супертајфунот Трами

Астронаутот на меѓународната вселенска станица Александар Герст на Твитер објави фотографии од формирање на супретајфун над западниот дел на Тихи Океан.

Тој тајфунот го опиша „како некој да извадил голема затка од нашата планета“.

– Гледаме во уште една голема бура. Тајфунот Трами од петта категорија е незапирлив и се движи кон Јапонија и Тајван. Бидете сигурни Вие долу, напиша Герст на Твитер.

Според моменталните прогнози тајфунот ќе ги погоди северниот и централниот дел на Тајван, како и јапонскиот остров Рјукју.

Се предвидува бурата да ја загуби моќта пред ударот врз јужниот дел на Јапонија за четири дена, доколку продолжи по досегашната траекторија. Но, дури и да изгуби на сила, сепак ќе достигне до четврта категорија на бура, што предизвикува поплави.

Трами е петти супертајфун од почетокот на годината и следи по супертајфунот Мангкут, кој пред две недели ги погоди Филипини, при што загинаа десетици луѓе.