Детето се спаси, но за жал мајката не успеа
Некогашниот играч на американски фудбал (НФЛ), Филип Банкс стана херој откако успеа да фати тригодишно дете кое мајката го фрли од балконот на домот кој беше во оган. Банкс играл американски фудбал додека бил во колеџ и бил на позиција надворешен фаќач. Токму оваа вештина да ги фаќа топките му помогна да го спаси животот на тригодишното детенце.
Банкс поминувал покрај зградата кога забележал како мајка на балконот на третиот спрат бара помош во домот во кој дивееле огнените пламени. Во еден момент се гледа како од балконот мајката го фрла детенцето, а тогаш Банкс успеа на неверојатен начин да го фати детето и да го спаси од сигурна смрт.
„Немаше време за размислување. Тоа беше инстиктивен потег. Само реагирав“, рече некогашниот спортист.
Освен тригодишното дете, соседот успеал да ја спаси и неговата мала сестричка, но за жал мајката не успеала да избега од запалениот стан и починала пред да биде изгасен огнот.
A child is thrown from a third floor apartment fire ? in #Phoenix by the child’s mother. Video captures the moment #PhillipBanks a former #College #WideReceiver sprints and catches the child. Unfortunately the child’s mother did not survive. #humanity #Angel #blessed #arizona pic.twitter.com/N7qiuRLIEX
— Daniel Barahona ? (@GL0BALSETT) July 7, 2020