сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ја има на секоја гума, а е многу важна: Што значи последната буква на ознаките на автомобилските пневматици?

Ја има на секоја гума, а е многу важна: Што значи последната буква на ознаките на автомобилските пневматици?

Возачите веќе треба да ги имаат ставено зимските гуми на своите автомобили, но за оние кои допрва треба да ги купат, или пак имаат, но не знаат што значат ознаките на нив, ова е информација што е многу важна.

Сите гуми на страничната страна имаат бројки кои означуваат разни параметни за нејзините карактеристики, а најчесто, на крајот по овие цифри, стои една голема буква. Таа всушност ја означува „индекс брзината“ (speed rating), што е еден од најважните параметри кој треба да го имате во предвид при избор на пневматици.

Индексот брзина ја означува максиманлата брзина која гумата може да ја издржи при возење со дозволено оптеретување. Во случајот со буквата „V“, таа брзина е 240 километри на час. Колку е поголем овој индекс, толку гумите се поскапи бидејќи при прозиводство се користат посебни мешавини за да можат да издржат што поголема брзина. Максималните брзини со соодветните ознаки за нив може да ги погледнете на табелата подолу.