Дијего Бариј (32) исчезна на 18 февруари, а неговиот квад АТВ кој го возел е пронајден уништен на плажа во Јужна Аргентина. Потрагата не даде ниту едно сомневање за тоа каде се наоѓа, а по осум дена рибар пронашол човечки остатоци кај ајкула која ја уловил.
Двајца рибари пријавиле дека во уловена ајкула пронашле човечки остатоци кои ги однеле во најблиската полициска станица. Семејството на Дијего го препознале по тетоважата на подлактицата што ја олеснило неговата идентификација.
Дијего е татко на три деца, а последен пат е виден на 18 февруари кога се враќал накај дома со својот квад. По пат застанал да ги поздрави своите пријатели кои биле рибари и на својата сопруга и рекол дека ќе се врати наскоро.
Меѓутоа, тој дома не се вратил до следниот ден, а не ни одговарал на повици и пораки. Откако два дена немало никаква трага од него, семејството одлучило да пријави во полиција.
Истражители започнале да го пребаруваат целиот регион, а по 40 часа го лоцирале неговиот квад и кацига која била скршена на два дела.
Рибарите во меѓувреме раскажале дека во неделата фатиле три ајкули долги околу 1,5 метри, а кога ги отвориле за да им ги извадат цревата, во една од нив пронашле човечко месо.
Неговата тетоважа која биле црвена и зелена ружа биле доволен знак за семејството дека се работи за нивниот сакан.