Откако оваа блогерка на својот Инстаграм профил го покажа своето момче беше преплавена од лоши коментари.
Мелис Гибсон која е плус сајз блогерка преку ноќ стана вистинска ѕвезда, а поради неа познато стана и нејзиното момче кое го осудуваат многу поради неговата одлука да биде заедно со девојката.
Имено на Инстаграм се појавија сурови коментари на сметка на девојката, а еден од нив е и дека тој сигурно има некои фетиш штом е со оваа девојка.
-Она кога во фустан ќе застанеш до човекот што го сакаш, а добиваш грозни коментари на сметка на твоето тело и килограми и прашања дали навистина моето момче ме сака. Но ние и понатаму ќе се бориме да бидеме заедно и да не прифатат луѓето. Ние сме точно тоа што сакаме и нашите тела се дел од тоа, вели блогерката.
Инаку таа се обидува да објавува провокативни фотографии на Инстаграм се со цел да го привлече вниманието низ целиот свет и луѓето да се навикнат на нејзиното тело.