Сцената која е снимена од безбедносната камера во една продавница во Вашингтон ја шокираше американската јавност поради ладнокрвноста на тројцата мажи кои го оставија продавачот речиси да умре.
Како што се гледа на видеото продавачот во еден момент губи свест и ја удира главата во полица со производи, а потоа паѓа на подот и се онесвестува.
Полицијата видеото го сподели со медиумите и социјалните мрежи како би дошле до помош да се пронајдат овие три мажи чии лица јасно се гледаат.
Полицијата исто така објави и дека продавачот се наоѓа во болница во критична состојба и се бори за својот живот бидејќи доживеал инфаркт.
Менаџерката на продавницата вели дека продавачот го оставиле да умре поради 178 долари, а во исто време сите се молат за неговото здравје.