Крајбрежната стража на САД, во близина на брегот на Флорида, спасила морска желка „заплеткана“ во 800 килограми чист кокаин.
Животното било заробено меѓу 26 поврзани пакети кокаин, кога патролата ја пронашла во меѓународните води.
Јажињата со кои биле врзани пакетите дрога, биле замотани околу вратот и нозете на желката.
Запленетата дрога се проценува на 52,3 милиони долари.