понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Му докажа на светот дека навистина стоела на врвот од Бурџ Калифа – ќе занемете кога ќе ги видите сцените од оваа реклама (ВИДЕО)

Му докажа на светот дека навистина стоела на врвот од Бурџ Калифа – ќе занемете кога ќе ги видите сцените од оваа реклама (ВИДЕО)

По илјадниците коментари низ целиот свет дека рекламата им е снимеа во студио, време е светот да дознае како навистина изгледа да се стои на врвот на светот.

Имено авиокомпанијата „UAE Emirates Airlines“ неодамна објави видео со цел да прослави за тоа што Емиратите се најдоа на таканаречената „килибарна листа на патување“ на Велика Британија.

Но, она што привлече најмногу внимание е видеото објавено од авиокомпанијата на кое се гледа стјуардеса качена на врвот на Бурџ Калифа, на височина од 820 метри, која држи транспаренти со натпис:

„Тоа што Емиратите се наоѓаат на килибарната листа на Британија прави да се чувствуваме како да сме на врвот на светот“.

По ова многу од корисниците на социјалните мрежи ја нападнаа авионската компанија дека видеото е снимено во студио.

Сепак, откако тие го објавија видеото како навистина се снимала рекламата светот не трепна додека ги гледаше адреналинските сцени, уживајте.