петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

НА КОЈ ПРСТ ГО НОСИТЕ ПРСТЕНОТ? Открива каков е вашиот КАРАКТЕР!

НА КОЈ ПРСТ ГО НОСИТЕ ПРСТЕНОТ? Открива каков е вашиот КАРАКТЕР!

Во митологијата, мажот кој носи прстен на палецот обично се сметал за силен и богат, а носењето прстен на малиот прст е свесен избор за да испратите порака до оние околу вас дека сте различни.

На показалецот

Прстенот на показалецот најчесто го носат луѓе кои се ориентирани кон традицијата, а тоа го поддржува и фактот што на показалецот најчесто се носат семејни прстени или прстени од разни друштва и братства. Бидејќи показалецот е најзабележлив од сите прсти (често го користиме во разни гестови), луѓето често носат подебели прстени со шарени украси.

На средниот прст

Носењето прстен на овој прст покажува дека сте во склад со себе и се чувствувате удобно во многубројните улоги во животот. На овој прст најчесто се носат необични прстени, што е порака сама по себе.

На домалиот прст

Свадбениот и вереничкиот прстен најчесто се носат на домалиот прст, свршеничкиот на десната, а бурмите на левата рака. Прстенот често се поврзува со Месечината, убавината и креативноста, како и љубовта. Со оглед на тоа што металот на Месечината е сребро, изборот на сребрени прстени со романтични детали природно одговара на овој прст.

На малиот прст

Луѓето кои носат прстен на малиот прст свесно им испраќаат порака на оние околу нив дека се различни од другите. Прстен кој се прави и се носи на малиот прст на никаков начин не е поврзан со некоја култура или со некоја од светските религии, а на место кое е „екстремен“ дел од телото навистина привлекува внимание. Инаку, тоа е поврзано со длабока рефлексија и интелигенција.