вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Научниците ги утврдија најубавото женско и машко име, едно од нив е често во Македонија

Научниците ги утврдија најубавото женско и машко име, едно од нив е често во Македонија

Научници спровеле истражување кое имало за цел избор на најзвучните и најубави имиња за деца на англиското говорно подрачје, односно во Америка и Велика Британија.

Студијата била спроведена од Универзитетот во Бирмингем, се користела фонетика, а имињата биле оценувани врз основа на тоа колку емоции предизвикуваат кога гласно ќе се изговорат.

Утврдено е дека на прво место на оваа листа е името Софија кога се работи за девојчиња, а Метју и Зејн кога се работи за момчиња.

Доктор Бодо Винтер кој ја предводел студијата, открива дека имињата кои почниваат на Е буквата се најпријатни за ушите, како на пример Емили, Елена, Ела, Ева, Евелин кои се нашле во топ 15 листата.

Машките имиња кои влегле во топ 5 листата во Америка се Метју, Џулијан, Вилијам, Исаија и Лео, додека во Британија, очекувано најпопуларни се имињата од кралското семејство како Џорџ, Вилијам и Луи.

Листата најубави имиња содржи 50 женски и 50 машки имиња.