Масару Миура, 54 годишен маж од Јапонија е уапсен откако признал дека се забодел во колк, како би избегнал одење на работа. Тој прво на полицијата и тврдел дека непозната личност го нападнала.
Очајниот маж толку сакал да не отиде на работа, па во подземната железничка станица се забодел со кујнски нож.
Ја повикал полицијата и кажал дека го нападнал лице кое не го познавал и го ранил додека се обидувал да се одбрани.
Кога полицијата дошла, го пронашле Масару како се обидува да го запре крварењето.
Полицијата го испрашала и пронашла „дупки“ во неговото сведочење.
Наскоро на полицајците им станало јасно дека Масару лаже. На крај им признал дека му тешко и стресно на работа и дека пронашол нож во близина на станицата и се одлучил да се рани како не би морал да оди на работа.