Анонимен келнер ги подели во мислењата корисниците на социјалните мрежи.
На „Редит“ тој признал дека на бремена клиентка наместо алкохолни и дал безалкохолни коктели. Оваа објава се рашири на социјалните мрежи:
“За време на синоќешната смена, група жени во доцните дваесетти години дојдоа во барот каде што работам. Ми беше задоволство да ги служам. За почеток, тие нарачаа четири коктели на куќата”, напишал тој.
Во еден момент тој слушнал разговор помеѓу жените во кој едната споменала дека е бремена 14 недели. Кога нарачале втор круг алкохолни пијалоци, тој сам ја донел одлуката.
“Отидов во барот и му реков на шанкерот да направи еден од коктелите без алкохол. Тој беше збунет, но јас го уверив”, додал тој.
Бремената клиентка, вели тој, не забележала ништо сè до моментот кога ја побарале сметката.
„Тогаш виде дека се наплатени безалкохолни коктели. Таа не беше задоволна и затоа побара да разговара со мојот шеф. Тој веднаш ми даде отказ и ми рече дека сум можел да го загрозам барот поради дискриминација”, објаснил тој и ги прашал луѓето дали постапил исправно.
Стотици луѓе се вклучиле во дискусијата за неговата постапка и не можеле да се согласат дали тој постапил правилно.
„Ако навистина не си се чувствувал пријатно да и служиш алкохол, си можел да му кажеш на шефот и да не донесуваш ваква одлука сам“,„ Ако не сте виделе позитивен тест за бременост, немате право со сигурност да заклучите дека е бремена“, „Можеби решила да абортира. Ваквите одлуки не зависат од вас“, се коментарите на луѓето кои застанаа на страната на бремената жена.
“Безалкохолниот коктел воопшто не е толку различен, не си направил ништо лошо”, “Јас сум шокиран од количината коментари против овој келнер. Да, вредеше да се направи”, велат оние кои имаат поинакво гледиште.