Двајцата преку телефонски повици им одговараа на децата каде во моментов се наоѓа дедо мраз.
Семејството Трамп директно од дневната соба на својот имот во Флорида каде што престојуваат за време на Божиќ одговараа на повици како долготрајна традиција која трае 60 години наназад.
Оваа традиција е именувана „Народот по потрага по дедо мраз“, а Трамп на децата од Мисисипи им одговарал дека државата е многу голема и предвидел дека дедо мраз ќе пристигне во секој дом бидејќи децата биле умни.
На детските желби од Вирџинија Трамп наидел и на една поинаква желба на дете кое под елката посакало да пронајде материјал за градежништво, а на тоа тој му одговорил дека и тој од секогаш посакувал да добива такви подароци, а оваа желба очигледно му се исполнила бидејќи денес тој има и голема градежна империја.
Инаку претходно Трамп преку видео линк им посака среќен Божиќ на американските војници ширум светот како и на нивните семејства.