Иако многу корисници на социјалните мрежи биле импресионирани од снимката, имало и такви кои биле скептични кон користењето на таа техника.
Нуркачката во застрашувачкото видео покажала како да се спречи нападот на ајкулата. Имено, на социјалните мрежи е објавена снимка која почнува така што на нуркачката ајкулата и се приближува од зад грб. Како што е објаснето, во таква ситуација е опасно да се прета и да се бега од ајкулата.
„Прскањето и пливањето го имитира тоа што прави пленот. Кога имаме работа со врвен предатор како ајкули, исто така сакаме да се однесуваме како предатор“, се наведува на снимката.
„Завртете се, соочете се со животното и одржувајте контакт со очите“, се додава, а токму тоа го прави и жената на снимката.
„Кај тигрестите ајкули, можете да им ја ставите раката на врвот на главата, нежно да ја турнете надоле и така ќе ја пренасочите подалеку од вас“, се заклучува и демонстрира на снимката
Иако многу корисници на официјалните мрежи биле импресионирани од снимката, имало и такви кои биле скептични кон користењето на таа техника.
„Само сакам да нагласам дека немаме никаква снимка од моментите кога овој маневар не успеал“, истакнал еден корисник.
@mermaid.kayleigh Follow @andriana_marine to learn even more about #sharks! 🦈💙 Just like bears & other #predators we are taught to #maintaineyecontact, yell, get large, back away slowly… it’s the same with sharks! They are not the man eating monsters the media portrays & typically want nothing to do with humans. So much so that just pushing on their head is enough to deter. #tigershark #sharkdiver #sharkdiving #sharkdive #ocean #hawaii ♬ Black Out Days Sped Up – Ryugan