петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Осуден е на шокантни 13.000 години затвор, кога ќе видите што правел ќе процените дали заслужил

Пудит Кититрадилок (34) признал дека водел пирамидална шема во која на клиентите им ветувал високи камати.
Осуден е на шокантни 13.000 години затвор, кога ќе видите што правел ќе процените дали заслужил

Тајландскиот суд осуди едно лице поради финансиски криминал на повеќе од 13.000 години затвор.

Пудит Кититрадилок (34) признал дека водел пирамидална шема во која на клиентите им ветувал високи камати.

Околу 40.000 луѓе убедил да вложат вкупно 160 милиони долари во неговата компанија.

Судот утврди дека Пудит е вмешан во нелегално позајмување, а обвинението содржи дури 2.653 точки.

Со оглед на фактот дека Пудит ја признал вината, казната му е преполовена на 6.637 години и шест месеци.

Осудениот преварант и неговите две компании треба на клиентите да им платат оштета од околу 17 милиони долари.