Тинејџерот од Индијана, 18 годишниот Жакил Реган ред четири години за упатил на пат долг 30 километри за да стигне на разговор за работа. За еден адолесцент не би требало да претставува проблем да ја помине оваа траса, но тој ден Индијана била зафатена од силна снежна бура, па едвај можел да се движи.
Негде на пола пат Жакил поминал покрај еден ресторан каде налетал на сопственикот Арт Бовијер и го прашал уште колку има да пешачи до местото каде што треба да стигне, а Арт не можел да поверува дека на такво невреме пешки се упатил на толку долг пат.
-Му кажав дека има уште околу 15 километри, но дека тешко ќе стигне до таму на така лошо време. Љубезно ми се заблагодари и продолжи да пешачи, се присетува Арт.
Арт потоа отишол до продавница за таму повторно да го види Жакил како се бори со бурата, продолжувајќи да пешачи.
-Застанав покрај него и му кажав да не биде тврдоглав туку да оди со автобус, а потоа ми кажа дека нема пари за карта, вели Арт и додава дека Жакил му кажал дека баш поради тоа му е важно да стигне на овој разговор за работа.
Сопственикот на ресторанот потоа му понудил да го однесе на разговорот, што момчето воодушевено прифатило. Кога стигнал дома, Арт на Фејсбук објавил статус каде напишал дека е многу фасциниран од момчето и неговата волја и додаде дека радо би го вработил ако не ја добил работата.
Неколку часа подоцна, повеќе илјадници луѓе го споделија овој пост, а на крајот во ресторанот го повикал и младиот Жакил. Арт веднаш седнал во автомобилот, отишол по него и му дал работа во ресторанот.
-Беше неверојатно, не можев да поверувам што се случува, изјавил Жакил, на кого среќата на крајот му се насмеала.