Експертите за фенг шуи предупредуваат кои предмети не треба да ги чувате во фрижидер.
Во фенг шуи, секој детал е важен и поврзан со протокот на енергија. Кујната е особено важно место за одредување на слободниот проток на позитивна чи енергија низ домот, но и како место во куќата кое најмногу се поврзува со изобилството. Централното место на секоја кујна е фрижидерот во кој ја чуваме храната. Кога станува збор за фенг шуи, фрижидерот припаѓа на елементот метал.
Едно од најважните правила во фенг шуи поврзано со фрижидерот е да не ставате други апарати како микробранова печка на него. Исто така, иако се важни за естетиката, не се препорачува чување зелени растенија на фрижидерот, ниту украси поврзани со елементот дрво. Овие орнаменти предизвикуваат судир на елементите помеѓу дрвото и металот, што доведува до истекување на богатството.
Натрупувањето работи е лошо за акумулирање богатство. Затоа, чувајте го горниот дел од фрижидерот чист и уреден. Она што особено треба да го избегнувате, според експертите за фенг шуи, е да ги редите месечните сметки на фрижидерот, бидејќи тоа симболизира губење пари. Од друга страна, идеално е да поставите завршени цели, потсетници, награди и достигнувања на фрижидерот, како еден од централните елементи на секое домаќинство.
Освен што е неопходно за здравјето, одржувањето на фрижидерот чист влијае и на енергијата во просторот. Секој неред е поврзаносо негативни вибрации, особено кога владее таму каде што стои храната што е важна за вашето здравје и витална енергија.
Фрижидерот е тесно поврзан со исхраната на семејството. Значи, ако во него има многу храна, тоа симболизира изобилство, а спротивното: ако фрижидерот е празен, тоа укажува на лоша ситуација. Погрижете се вашиот фрижидер да биде полн со оброци кои се направени со љубов за вашите најблиски и што е најважно, одржувајте го чист.