недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ресторан го менува името оти звучи премногу безобразно- еве како се вика

Ресторан го менува името оти звучи премногу безобразно- еве како се вика

Ресторан за француска и виетнамска храна во градот Кин, Њу Хемпшир, САД, по налог на градските власти, ќе мора да го смени името оти тоа, според нив, звучи премногу безобразно.

Имено, угостителскиот објект, инаку сопственост на Изабел Џоли, е наречен „Фо Кин Грејт“. Но, англискиот изговор на виетнамската претставка „Фо“ многу личи на – „Фа“.

Така, по налог издаден лично од градоначалничката Елизабет Дрегон, ресторанот доби забрана да го користи тоа име и обврска да го тргне привремениот натпис, оти тој бил навредлив.

Во меѓувреме, Џоли спроведе и анкета, на која 3.400 лица рекле дека името не е навредливо, а 117 – дека е навредливо. Тоа не ја смени одлуката на властите.