Неименувана 40 годишна жена од Ерусалим родила 20 деца. Медицинските сестри биле шокирани кога дознале дека дома ја чекаат 19 деца.
Оваа жена, која веќе станала и баба, минала 14 години во бременост, а се породила вкупно 19 пати – еднаш родила и близнаци.
Таа сепак има долг пат пред себе ако сака да го сруши Гинисовиот рекорд.
Сопругата на Феодор Василијев 16 пати родила близнаци, седум пати тројки и четири пати четворки.
Персоналот изјавил дека најстарите деца веќе основале свое семејство.