Во Велика Британија, пријавени се три случаи на супер-гонореја, инфекција со сексуално пренослива болест која е отпорна на антибиотици.
Девојка во раните дваесетти години, која имала инфекција која била отпорна на лекот цефтриаксон, била забележана во Лондон. Овој лек е главниот антибиотик што се користи за лекување на гонореја.
Исто така, на еден пар му била дијагностицирана супер-гонореја отпорна на антибиотици.
Лекарите објаснуваат дека пациентите ја добиле инфекцијата минатиот месец и дека им биле дадени алтернативни терапии.
Обединетото Кралство пријави 4 случаи на супер-гонореја отпорни на цефтриаксон за три месеци. Лекарите биле принудени да ги лекуваат со други лекови и алтернативни третмани.
Д-р Кејти Синка, епидемиолог за сексуално преносливи болести, вели дека е премногу рано да се каже дали гоногоријата отпорна на антибиотици се шири низ целата земја.
Гонорејата е втора најчеста сексуално пренослива болест во ОК и се пренесува преку незаштитен сексуален однос.
Луѓето кои се заразени со оваа бактерија имаат жолти или зелени секрети од гениталиите, како и болка при мокрење.
Антибиотиците за лекување на инфекцијата обично се даваат орално или со инјектирање, а симптомите исчезнуваат за неколку дена.
Доколку болеста не се лекува навреме, може да доведе до стерилитет, но и до воспалителни реакции кај жените, како што се карличните болести.
Д-р Синка истакна дека во последните неколку години не забележале случаи на гонореја, а сега за два месеци се појавиле 4.
Лекарите претходно предупредуваа дека гонорејата може да стане неизлечива болест.