вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Што означува кодот што Асанж го објави на 1 јануари?

Што означува кодот што Асанж го објави на 1 јануари?

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на 1 јануари на „Твитер“ објави песна од пејачката M.I.A., чиј наслов е Paper planes („Авиони од хартија“), но покрај тоа постави и код што никој досега не e во можност да го протолкува.

Тој код гласи: fb4e568623b5f8cf7e932e6ba7eddc0db9f42a712718f488bdc0bf880dd3.

Многу корисници на социјалните мрежи веднаш констатираа дека Твитер-налогот на Асанж, најверојатно, е хакиран и дека токму тоа била причината што неговиот профил на оваа социјална мрежа едноставно исчезна за време на католичкиот Божик.

Некои, пак, решението на загатката го бараат во текстот на песната бидејќи пејачката во еден момент вели дека има повеќе информации од КГБ, што беше протолкувано како порака дека Асанж и неговиот тим набргу ќе објават нови информации.

Се разбира, имаше и сосема поинакви теории, од типот дека Асанж починал и дека кодот активира одредени публикации на интернет-страницата „Викиликс“, па и претпоставки дека Асанж преку песната испраќа сигнали дека е исчезнат во акција.

Во меѓувреме телевизијата РТ соопшти дека се обидела да стапи во контакт со Асанж во еквадорската амбасада во Лондон, каде што се наоѓа во моментот, но не добила повратен одговор.