Канаѓанецот Пол Мaсон стана вистинска интернет сензација пред две години, кога првпат беше дел од божиќна рекламна кампања.
Тој тогаш беше прогласен и за „најсекси Дедо Мраз“.
Неговата популарнст со секој изминат ден се повеќе се зголемува, па така тој сега е ангажиран и на светско ниво.
Освен во реклами, Масон се појавува и на модни ревии и на насловни страници на многу светски списанија.
Армијата обожавателки со нетрпение го очекува секој следен ангажман на овој 53-годишен модел.