Додека во светот одредени вулкани покажуваат знаци на смирување, други во наредната година би можече да имаат ерупции, поради што експертите внимателно ја следат состојбата, пишува Дејли мејл.
Во текстот е наведува дека вулканските активности кои највеќе го привлекуваат вниманието на научниците, се одвиваат долж Огнениот појас на Пацификот, подрачје во Тихиот океан кое претставува место на спојување на неколку тектонски плочи.
Британскиот весник наведува и неколку вулкани во континенталниот дел од Земјата, како Ол Доињо Ленгај во Танзанија, потоа островски како Хаваи, како и подводните во близина на островот Тонга- Кермадек на југозападот на Пацификот.
Се наведува и дека шест вулкани кои би можеле да имаат ерупција оваа година се Кирисима во Јапонија, Мерапи во Индонезија, Орефајокул во Исланд, Попокатепетл во Мексико, Вилјарика во Чиле и Килауеа во САД.