петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Дел од нив ги има и во Македонија: Овие имиња значат “светлина“, родителите често ги бираат за своите деца

Дел од нив ги има и во Македонија: Овие имиња значат “светлина“, родителите често ги бираат за своите деца

Сакате на своето бебе да му дадете име со убаво значење?

Тогаш прочитајте ја листата со прекрасни имиња за момчиња и девојчиња кои значат „светлина“.

Алина – варијација на класичното име Хелена. Алина е многу популарно име во Русија, САД, Полска и Германија. Убав прекар за Алина е Лила или Лена. Алина значи „светол“ или „светлост“.

Аурора – класично, поетско и убаво име на римската божица на зората.

Кјара – прекрасно италијанско име кое значи „светлина“ или „ведрина“. Освен во Италија, многу е популарно во Австрија, Германија и Швајцарија.

Елена – уште една верзија на Хелена.

Хелена – грчко име кое значи „онаа која зрачи со светлина“ и совршено ја опишува една од најубавите жени на светот, убавата Хелена.

Луција – коренот на зборот е латински, а значи светлина, сјај.

Нера – има еврејско потекло и според традицијата ова име го добивале девојчињата родени во период на Ханука, еден од најголемите еврејски празници. Името е многу популарно во Израел, а се повеќе се користи во Европа.

Зора – Зората го симболизира крајот на темницата и почетокот на светлината.

Анвар – арапско име кое значи светлина. Го популаризираа многу славни родители.

Киран – може да биде и за девојчиња и за момчиња.

Луцијан – верзија на ова име е Лукас.

Лукен – баскиско име кое значи светлина.