Овој симптом често останува незабележан
Постојат неколку стандардни симптоми кои укажуваат дека нешто не е во ред со вашето срце.
Некои од нив се толку интензивни и забележливи, како болки во градите или неправилно чукање на срцето, додека други знаат да се „прикрадат“, а вие мислите дека тоа е само привремена состојба.
Еден од видливите знаци што укажува дека треба да направите ЕКГ и да посетите лекар е „знакот на Френк“. Што е тоа?
Знакот на Френк е друго име за наборот по должината на ушната школка, а го добил името по човекот кој го открил – д-р Сандер Френк.
Оваа појава лекарот ја забележал кај пациенти кои имале болки во градите и блокирање на коронарните артерии, а одредени студии покажале дека оваа бразда на увото е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања.
Сепак, не паничете веднаш! Во некои случаи тоа е само естетски „знак“ на кожата, а поради губење на еластин и влакна во тој дел од телото се појавуваат брчки.
Меѓутоа, ако сте загрижени, најдобро е да посетите лекар и да го проверите здравјето на вашето срце.
И за да го намалите ризикот од срцеви заболувања, држете се до овие три работи за кои експертите велат дека се најважни:
Урамнотежена исхрана.
Редовна физичка активност.
Позитивни животни навики.