вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Домашен природен лек од само три состојки, еве за што ќе ви помогне

Домашен природен лек од само три состојки, еве за што ќе ви помогне

Причина за главобока можат да бидат многу нешта, а во секој случај подобро е да се обидете да си помогнете на природен начин, па потоа да посегнете по таблети.

Главата, меѓу останато, може да заболи и од топлина, стрес, несоница, вирусна инфекција, забоболка и многу други нешта. Без оглед што е причината ние секогаш посегнуваме по лекови, но овој пат обидете се со со овој стар народен лек.

Потребно ви е:

10 чешниња лук

500 грама мед

неколку зрна бибер

Подготовка:

Исчистете го лукот и секое чешне исецкајте го на парчиња и ставете го во стаклена тегла. Додадете го и биберот и на крај прелијте со мед. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои пет дена.

Употреба:

Кога ќе почувствувате дека започнува да ве боли глава земете една лажица. А овој народен лек можете да го користите и за зголемување на имунитетот, така што ќе консумирате една лажица наутро и навечер, пред јадење.

Покрај зајакнување на имунитетот, ќе го намалите и бројот на бактерии во телото, ќе го подобрите варењето, ќе го регулирате нивото на шеќер во крвта, но и притисокот.