Како домашни миленици, мачките и кучињата внесуваат многу добро во вашиот дом, а главното нешто што се истакнува е мирот на умот.
Сигурно се прашувате како тие носат мир, а првиот одговор е – со предење. Да, тие го користат тој звук за да комуницираат со други мачки, кога се гладни, исплашени, кога нешто ги боли, но и кога некаде им е удобно.
Фреквенциите на тие звуци ги релаксираат луѓето. Ова е причината зошто се вели дека предењето е како терапија за мачки, како и за луѓето. Особено во многу стресни ситуации.
Галењето мачка има смирувачки ефект и врз луѓето, покажуваат различни студии во последните години. Дури 83 отсто од луѓето рекле дека нивната мачка им е најдобар пријател, а 67 отсто од луѓето ги држат мачките блиску до себе во најтешките моменти и даваат емоционална поддршка галејќи ги за време на стресни и емотивни ситуации.
Иако изгледаат ладни, мачките се чувствуваат посигурно во друштво на нивните сопственици и затоа сакаат да спијат во ист кревет со нив. Освен нив, делењето кревет е добро и за човекот.
Експертите велат дека луѓето кои страдаат од недостаток на сон поради стрес треба да заспијат со мачка покрај главата, барем дел од ноќта.
На овој начин ќе се опуштат и ќе се ослободат од негативните енергии. Друг интересен факт е дека мачките позитивно влијаат на алергиите, особено кај малите деца. Иако родителите на бебињата често мислат дека не е мудро да се има мало дете и мачка во исто време, истражувањата покажаа дека децата под една година, кои имаат мачка за домашно милениче, имаат помала веројатност да развијат алергии како тие растат.
Конечно, се претпоставува дека сопствениците на мачки се поинтелигентни од сопствениците на кучиња. Истражувањата покажаа дека луѓето кои поседуваат кучиња се поактивни, посоцијални и претпочитаат да поминуваат време надвор од дома, додека сопствениците на мачки се почесто затворени луѓе кои сакаат да го поминуваат времето во затворени простории, по можност сами.
Според тие резултати од истражувањето, заклучено е дека сопствениците на мачки можат да бидат поинтелигентни од сопствениците на кучиња, но треба да се запомни дека овој резултат се базира исклучиво на различните личности и интереси на сопствениците, па се уште е сомнителен.