Познато е кои нови имиња се најдоа на листата ТОП 100, а кои испаднаа од неа.
Новото истражување кое го проведе компанијата McCrindle Research дошло до заклучок дека во листата најпопуларни имиња за деца во 2020 година се нашле Аделин, Маев и Моли, додека повеќе на листата не се Маделин, Челси и Викторија.
Кај момчињата, во топ 100 популарни имиња влегоа Лука и Ленок, додека Арон и Кристијан веќе не се меѓу првите 100.
Следејќи ги трендовите, истражувањето открива дека низ годините наназад расте популарност на нетрадиционалните имиња како Реми и Делила, но и Елиза и Изабел. Меѓу момчињата се почесто се појавуваат имињата Леонардо, Ривер, а Нејт и Џејк се редок избор на родителите.
-Воочивме дека имињата на девојчињата денес често завршуваат со самогласка, но се гледа влијаето на популарните личности. Ќе забележите дека популарноста на името Луна расте од 2016 година. Постои тренд на скратување на името и додекање слог на крајот. Во оваа генерација ќе има многу Леа, Хуго и Арла, вели истражувачката Ешчи Фел.
Пет нови имиња во топ 100 листата се Реми, Харлоу, Хели, Аделин и Делила. Овие имиња ги тргнаа од листата Хајди, Маделин, Ривер, Алексис и Викторија.
Нови пет имиња кај момчињата за 2020 година се Леонардо, Лука, Ривер, Ленокс и Левис. Овие имиња се најдоа на топ 100 листата откако од неа се отстранети Кристијан, Арон, Нејт, Џејс и Тајлер.