Сè повеќе и повеќе се прославува работењето од дома. Компаниите почнуваат да им нудат на своите вработени да работат од канцеларија или од дома, а многу од оние кои го одбираат второто работат и уште нешто. Овој начин на работа може да биде вистински благослов, но и клетва. Од една страна имате слобода и не сте ограничени со канцеларија. Но од друга страна, оваа нова слобода може да влијае на вашата продуктивност.
Па, како да останете фокусирани додека работите од дома?
1. Покажете благодарност
Работната околина ве прави расположени за работа. Поради структурата и дизајнот, многу луѓе не треба да се убедуваат да започнат со работа кога се во канцеларија. Кога сте дома може да ви биде навистина тешко да се мотивирате, особено ако сакате да правите нешто друго. Почнете го денот со покажување благодарност за тоа што сте се разбудиле, за вашето здравје, како и за можноста да заработувате. Ако можете вежбајте, направете си појадок, смирете го умот со медитација или молитва. Ова ќе ве мотивира и инспирира.
2. Направете распоред и држете се до него
Бидејќи не сте врзани со одредено време или канцеларија, важно е да си го организирате времето. Направете распоред и држете се до него. Без разлика дали ќе работите 8 часа без прекин или ќе ги поделите во текот на денот, важно е времето за работа да го посветите само на работата. Исто така гледајте распоредот најмногу да ви одговара. Ако сте најпродуктивни наутро, работете тогаш. Ако сте попродуктивни навечер, работете навечер.
3. Отстранете ги нештата што ви го одвлекуваат вниманието
Лесно е да го изгубите фокусот поради социјалните мрежи. Па, исклучете го телефонот кога не треба да ви се одвлекува вниманието. Направете распоред и за тоа кога ќе ги проверувате електронските пораки. Ако е можно исклучете го Интернетот.
4. Паметно одберете ја музиката
Многу работи може да влијаат на вашето расположение – телевизорот, времето, појадокот… Музиката исто така може да ви го промени расположението. Ако сакате да слушате нешто додека работите, одберете музика која ќе ве држи позитивни и која ќе ви го подобри расположението.
5. Поставете им граници на пријателите и семејството
Немојте да го закажувате времето за работа околу обврските со пријателите и семејството. Исто така, поставете им граници за да не ви го одвлекуваат вниманието и да не ви ја намалат продуктивноста. Кажете им го распоредот за работење на пријателите и семејството за да избегнете конфликти или искушенија.