четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

КУРИР ИНТЕРВЈУ СО ДОКТОР ЕЛМА: Секогаш ја поддржувам одлуката на таткото да присуствува на породувањето, страста кон мојата професија не стивнува низ годините

Вели дека познавајќи се себе си било која професија да ја изберела ќе ја работела со максимална посветеност, но во нејзината главен зачин и е страста која не стивнува низ годините.
КУРИР ИНТЕРВЈУ СО ДОКТОР ЕЛМА: Секогаш ја поддржувам одлуката на таткото да присуствува на породувањето, страста кон мојата професија не стивнува низ годините

КУРИР направи интервју со доктор Елма Абдула Хасанаговски, специјалист гинеколог и акушер кој откри од каде ја добила љубовта кон оваа професија, но и даде многу совети за идните родители, особено идните мајки.

Вели дека познавајќи се себе си било која професија да ја изберела ќе ја работела со максимална посветеност, но во нејзината главен зачин и е страста која не стивнува низ годините.

Во продолжение следуваат десетте прашања:

1.Се почесто во денешно време младите мајки се одлучуваат да го оттргнат новороденчето од доење со мајчиното млеко и се одлучуваат да го адаптираат веднаш на вештачка исхрана. Вашиот став околу доењето и колку е тоа значајно за развојот на бебето?

Ново породената мајка природно е исплашена дали ќе умее доволно добро да го дои бебето, дали ќе има доволно млеко, колку е тоа квалитетно за оптимален раст и развој на новороденото, така да нејзиното самоповерение е на многу ниско ниво. Дополнително отежнувачки фактор е нашиот менталитет, односно присутно стана бабите, свекрвите, тетките и нивните често погрешни совети, па така младата мајка од нив слуша загриженост дека дојките и се мали, во нив сигурно нема доволно млеко, бебето плаче само затоа што е гладно, дека млекото не е доволно квалитетно, и со сето тоа стравовите на младата мајка се засилуваат. И тогаш започнува давање на млечна формула „за секој случај” . Со самото тоа опаѓа стимулацијата за лачење на млеко што води до престанок на доење. Друга група на мајки се оние кои се оптоварени со кариера и работни обврски веднаш по породувањето, па заради временска ограниченост и подолготрајната ситост што ја дава млечната формула во однос на мајчиното млеко, тие мајки заради обврските не се во можност да се посветат на екслузивно доење.

2.Исто така се почесто со развојот на технологијата во медицината и побезболниот метод на породување во денешно време се повеќе мајки се одлучуваат да се породуваат царски. Дали имате одреден совет кон идните мајки околу начинот на породување?

Повторно ова е тема на која многу влијаат надворешните фактори и начин на кој се третира породувањето. Имено, породувањето е природен процес следен со болка која е издржлива, но и покрај современиот пристап за безболно породување, многу мајки бираат царски рез како опција за породување. И тие одлуки се базираат на слушнати приказни за тешко породување на најблиските. Секоја идна мајка треба да знае дека нормалното породување може да трае и до 24 часа и да поразговара со избраниот лекар за можностите тоа да се доживее на убав и полесен начин. Ние секојдневно работиме на промоција на спонтано безболно породување. И имаме одличен успех во тоа. Вагиналното породување секогаш е подобар избор, освен кога медицинските околности тоа не ни дозволуваат.

3.Дали е поразително што во ова модерно време многу жени се одлучуваат да се остварат како мајки по 30-тите години од својот живот? Има ли „временска рамка“ која се препорачува во медицината или во вашата фела?

Современиот начин на живот, наметнат и од други критериуми за остварување на мајчинството, како што се кариерата на жената која е важен фактор во одлучувањето, но и желбата на жената дел од својата младост да ја поминат сами со партнерот. Отежнуваат и општествено социјалните прилики. Сведоци сме дека и поради овие фактори браковите се склучуваат во подоцнежните години. Сето тоа влијае на моментот кога младата жена ќе се одлучи да стане мајка. Секако дека возраста влијае на исходот на бременоста. Сите знаеме дека ризикот да се роди плод со Даунов сyндроме или некоја друга хромозомска аберација после 35-тата година е поголем и тие бремености се следат како високо ризични затоа што честа е појавата на диабетес или висок крвен притисок во текот на бременоста. Оптиална возраст за раѓање на прво дете е 25-28 години, а за останатите деца до 35-та година.

4.За жал се повеќе парови имаат проблем со остварувањето како родители во поново време, зошто сметате дека сето тоа е последица на ова ново време и начинот на живот. Вашиот совет за сите идни родители кои се соочуваат со овие проблеми.

Битно е да се спомене дека плодноста на жената се намалува по 30-та година, а на мажот околу 50-та година. Причините за неплодност треба да се бараат доколку до бременост не дојде по 12 месеци слободни сексуални односи. Општо речено фаторите за неплодност може да бидат од женски фактор, машки фактор или мешан фактор. Од женски фактор најчесто се хормоналното пореметување, синдромот на полицистични јајници, неовулаторни циклус следени до инсулинска резистенција или постоење на диабетес мелитс, пореметена проодност на тубите (каналите) која настанува поради предходни инфекции (сексуално преносливи болести), исто така не е редок фактор и аномалии на матката (септум). Кај машкиот фактор исто така влијание има хормоналното пореметување, дебелината, алкохолот и цигарите, па затоа сето тоа води до намален број на сперматозоиди, нивнана малена подвижност и пореметена морфологи

5.Од каде ја добивте љубовта кон оваа професија и дали некогаш сте се замислиле во друга улога?

Професијата ја засакав додека бев на студентска размена во Турција, па во Италија. И до денес тешко ми е да се замислам во друга професија. Познавајќи се себеси било која професија да ја изберев ке ја работев со максимална посветеност, но во ова главен зачин ми е страста која не стивнува низ годините. Секој пациент ми е важен и максимално му се посветувам.

6.Има ли идна мајка која „не се плаши“ од породувањето, ваш совет?

Има секако, но ретки се. Мојот совет секогаш е да му веруваат на избраниот лекар и да се опуштат. Мојот тим е високо професионален и спремен да ја заврши работата со многу внимание и нежност кон пациентката и новороденото. Затоа ги охрабрувам и да се остварат како мајки два или повеке пати.

7.Се срамат ли мајките да побараат совет од стручните лица, па тоа го прават преку едукација на полесниот начин на интернет, форумите и видеата на Јутјуб?

Форумите реално се голем проблем, не само во нашата професија. Јас лично никогаш не полемизирам со пациентките за нешто прочитано на интернет или форум. Постојат многу сајтови со убави едукативни текстови кои можат да ги користат за лична едулкација, но крајните одлуку и ставови треба да ги градат по разговор со стучни лица, па и да побараат второ мислење. Комоцијата и „лесно прифатливите” објаснувања што ги нудат на форумуите мислам дека се главна причина за нивната актуелност. Но секако, се погрешен избор за донесување одлука или стекнување на мислење за некоја проблематика.

8.Колку е важна улогата на таткото во бременоста на идната мајка?

Улогата на таткото во бременоста е круцијална. 9-те месеци бременост, тоа е периодот кога почнуваат да се грададат партнерските родетелски односи. И верувајте, веднаш при преглед може да се препознае која трудница има добар амбиент во домот околу себе, а на која и недостасува поддршка од партнерот. Секогаш ја поддржувам одлуката таткото да присуствува на породувањето во породилна сала. Бесценети се тие моменти на среќа, често следено со солзи радосници.

9.Дали сметате дека деветте месеци породилно отсуство се доволни за развојот на детето. Познава ли медицината „правило“ ко е докажано кога детето може да биде целосно независно од својата мајка?

Породилното отсуство кај нас е со траење од 9 месеци, а знаеме дека во многу земји е пократко (од 3 до 6 месеци). Јасно е дека за правилен раст и развој на бебето, а потоа и на детето основни се љубовта и негата на мајката. Не постои такво правило кое покажало дека детето може целосно да биде независно од мајката. Доколку нема физички последици, емотивните се неизбежни. Родителската љубов е основна за правилен психоемотивен развој на детето и негово прераснување во здрава и комплетна личност, која ке може да дава и да прима љубов во секаков облик. Природата одредила дека кај човекот потомството подоцна се одвојува и осамостојува од родителите.

10.Зошто Рх факторот на крвата група е важен во бременоста?

Позитивниот или негативниот симбол после вашата крвна група го покажува Рх факторот. Рх факторот станува важен во текот на бременоста (и ако има и други состојби во кој е тој многу важен, но сега зборуваме за бременоста). Доколку мајката е Рх негативна а нејзиното бебе е Рх позитивно тогаш организамот на мајката- поточно нејзиниот имунолошки систем, Рх позитивниот фактор на бебето го препознава и создава анти тела кон црвените крвни клетки на бебето, Ова се нарекува сензибилизација. Овие антитела ја поминуваат плацентата и ги напаѓаат црвените крвни зрнца на плодот/еритроцитите/, тие се распаѓаат и сето тоа предизвикува хемолитична анемија, но можат да настат и потешки компликации. По породувањето при постоење на ваква сензибилизација на мајката, новороденото ќе пројави покачено ниво на билирубин. За среќа, науката открила метод на рана детекција на постоење на сензибилизација, па затоа во текот на бременоста лекарот ќе ја испрати пациентката да направи „Coopsov“ тест и соодветно на наодот/состојбата ќе п репорача трудницата да прими имуноглобилин, со што би се спречиле потешки компликации. Ваков имуноглобилин потребно е да се прими и после породувањето доколку бебето е Рх позитивно. А тоа е превенција на компликации кои би настанале во следната бременост.