петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

„Невидлива кујна“, нов тренд во уредувањето на домот

„Невидлива кујна“, нов тренд во уредувањето на домот

Минималистичката естетика на кујната е популарна веќе некое време. „Невидливите“ кујни се нов тренд, кој има за цел да сокрие што повеќе кујнски елементи за да создаде елегантен простор.

Многу луѓе повеќе не сакаат да ги полнат своите кујни со многу предмети, додатоци и апарати, туку наместо тоа, овој дел од домот го сведуваат на неговите основи.

„Невидливи“ кујни се оние кои се скриени или камуфлирани со остатокот од внатрешноста. Таквата кујна е сè уште функционална и практична како и конвенционалната – но со клучен исклучок. Стилот е подискретен, па „невидливите“ кујни се совршени за мали простории или домови кои имаат футуристичка архитектура.

Кои се карактеристиките на „невидливите“ кујни?

Шкафчиња без рачки

Механизмите за отворање на допир овозможуваат шкафовите да се слеат со позадината.

Скриена остава

Тајната за навистина успешна „невидлива“ кујна е во оставата, што е еден од најдобрите начини да се обезбеди голем простор за складирање кој нема да биде забележлив.

Можете да му додадете луксузни детали, како што се интегрираното осветлување кое автоматски се вклучува кога ќе се отвори вратата или приклучоци за држење и користење на мали уреди.

Скриена плотна

Додека рерните и фрижидерите лесно се сокриваат, тоа не е случај со ринглите. Но, грејните плотни може да се постават рамно, „вдлабнати“ во работната површина.

„Лизгачка“ работна површина

Кујнските острови со лизгачки работни површини се исклучително практични за минималистички изглед на просторот. Островот може да ги содржи сите неопходни работи за готвење, со лизгачки дел кој се отвора и со кој се добива двојна површина која може да се користи како место за сервирање кога имате гости.