На TikTok кружи видео кое досега го погледнале повеќе од 3,6 милиони луѓе, во кое една девојка покажува ултра едноставен метод со кој нанесувањето на ајлајнер трае буквално неколку секунди и не бара никакви посебни вештини.
Се што ви треба е црн креон (или во друга боја по избор) со кој ќе нанесете црна точка на показалецот, по што треба брзо и во еден потег да повлечете кратка дијагонална линија од надворешниот агол со тој прст.
За постапката најдобро е да го погледнете приложеното видео – на тој начин лесно ќе ја совладате техниката која изгледа навистина лесна. Реакциите на TikTokers се различни – некои во коментарите тврдат дека овој метод навистина „функционира“ и дека им го олеснил шминкањето, додека други не успеале или веруваат дека ова функционира само ако имате млада кожа, без брчки околу очите.
@iam.acml #aanhechten met @Bex HACK HACK LOVE IT!! #fy #fyp #vj #vjp #makeup #makeuphacks ♬ origineel geluid – Amber