сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Денеска нема да има нови цени на горивата

Денеска нема да има нови цени на горивата

По два дена покачување на цените на нафтените деривати, денеска Регулаторна комисија нема ниту да прави корекција.

За предложените законски измени кои се во собраниска сила, откако ќе бидат донесени и објавени во Службен весник, членовите на седница ќе одредат највисоки малопродажни цени, согласно акцизата.

– Што се однесува до измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата на Република Северна Македонија поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ, велат од Регулаторна за измените.

Оттаму посочуваат дека РКЕ ќе ја вкалкулира намалената стапка на ДДВ во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука.

– По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ, додаваат оттаму.