четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

ДЕНЕСКА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Се очекува нивно зголемување, надлежните не негираат

ДЕНЕСКА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Се очекува нивно зголемување, надлежните не негираат

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ во следните седум дена.

Минатата недела горивата поскапеа за 1,5 денари.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,170 (денари/килограм)

Се очекува одлуката која денеска ќе ја донесе РКЕ да значи ново поскапување на нафтените деривати. Власта ваквите информации не ги демантира. Вели доколку се донесе таква одлука, Македонија сепак ќе ги има најниските цени во регионот.

-Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна вчера министерот за економија Крешник Бектеши кој потенцираше дека сите резерви и државни и оперативни се полни, а испораките се прават редовно.

Цената на горивата на светските берзите во изминатата недела постојано расте, а цената на суровата нафта во петокот надмина 120 долари по барел.