четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Фактор“: Државата го менува и данокот на добивка, ќе има ли лути реакции?

„Фактор“: Државата го менува и данокот на добивка, ќе има ли лути реакции?

Коморите, синдикатите, осигурителните компании се затечени од предложените измени на Законот за данокот на добивка. Се тврди дека не биле консултирани за измените кои ги прави Министерството за финансии. Од ресорното министерство ги поставија измените на електронскиот национален регистар на прописи и треба да се применуваат од следната година, анализира порталот Фактор.

Според измените како што објави веќе Фактор, точно се определува како и колкав данок ќе плаќаат невладините организации, синдикатите, политичките партии, Црвениот крст. Практично законот сега ќе уредува дека и непрофитните организации стануваат даночни обврзници ако имаат приходи од стопанска дејност. Ова се прави, велат од Министерството за да не се создава нелојална конкуренција меѓу фирмите и непрофитните организации. Инаку има измени кои ги опфаќаат и осигурителните компании но и вработените кои имаат високи примања.

Имено како што вели предлагачот, ќе како добивка ќе се смета и на неа ќе се пресметува данок на секоја заработка над одреден лимит од исплатен надомест за деловна успешност.

„Поради постоењето на случаи на користење на законската можност за исплата на високи износи на вработените на име деловна успешеност на работодавачот, за која се плаќаат придонеси само до износот на највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите ( 16 просечни плати), како начин на пренесување на дел од добивката без да се плати данок, се оцени дека е потребно да се утврди лимит над кој исплатата на деловната успешност ќе има третман на непризнат расход за целите на утврдување на данокот на добивка, стои во измените.

Фактор веќе објави дека во измените што сега се предлагаат стои дека здруженијата, партиите, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст, синдкиатите, коморите не се обврзници на данокот за заработките од членарини, доброволни прилози, донации, подароци. Сепак, добивката која е остварена од стопанска дејност е регулирано да се даночи. Стопанска дејност е на пример приходот од издавање на простории под закуп, ако вршат комерцијални обуки и слично.

„Непрофитните организации коишто остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, заради избегнување на нелојална конкуренција со субјектите на кои добивката остварена од вршење стопанска дејност им се оданочува, стануваат обврзници за пресметување и плаќање на данокот на добивка,  доколку вкупниот годишенприход од стопанската дејност е поголем од 2.500 евра во денарска противвредност, стои во предлог измените.

Извор: ФАКТОР