четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Големо поскапување на горивата од полноќ, дизелот повторно 100 денари

Големо поскапување на горивата од полноќ, дизелот повторно 100 денари

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг.

Од 11.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)