вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Горивата поскапуваат од полноќ, дизелот поскап од бензинот за 12 денари

Горивата поскапуваат од полноќ, дизелот поскап од бензинот за 12 денари

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување, објавија дел од медиумите, иако официјално соопштението од РКЕ се уште нема.

Најголемо поскапување ќе има кај дизелот кој поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.

Поскапување ќе има и кај бензините за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС – 95 од полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 92 денари.

Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.