Над 1,8 милиони платежни картички користат граѓаните во Македонија. На најголемиот дел корисници се физичките лица, а од брендовите најзастепен е „Виза“.
Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека вкупно има издадено 1.862.240 платежни картички од кои физичките лица користат 1.830.948, а правните лица 31.292 картички.
За разлика од големата бројка на платежните картички, вкупно во Македонија има издадено картички за купување на интернет 19.348 од кои на физичките лица се 19.300, а 48 на правни лица.
Од вкупно издадените картички, кредитни се 372.413 од кои 362.591 се на физички лица, а 9.532 се на правни лица. Дебитна функција имаат 1.442.072 картички.
Најмногу од издадените картички се од брендот „Виза“ 1.096.707, на „Мастеркард“ отпаѓаат 667.907 картички и останатите брендови се застапени со 78.278.