четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Поскапува живеачката – трошоците на живот за една година пораснале за 1,4%

Поскапува живеачката – трошоците на живот за една година пораснале за 1,4%

Поскапува секојдневната живеачка. Трошоците на живот за само една година се зголемиле за 1,4%, а малопродажните цени пораснале за 3,2%, покажуваат најновите податоци на Државната статистика. Нотираат зголемување кај комуникациите од 8,5%, кај цигарите и алкохолот од 6,3%, кај транспортот од 5,5%, кај ресторанските и хотелските услуги од 3.8%, и кај гардеробата од 1,0%.

Статистиката бележи минимално намалување само во три категории и тоа кај трошоците за здравје од 0,6%, кај образованието од 0.3% и кај комуналиите од само 0,2%.

Граѓаните бесни на низата поскапувања. Велат дека и онака не можат да закрпат крај со крај, а со овие зголемувања на цените на производите, велат би останале на питачки стап.

Колку за потсетување, стапката на сиромаштија се зголемила 0,4 процентни поени за само една година и истата достигнала 21,9% на крајот од минатата година. Секој петти Македонец, или 453.000 граѓани се сиромашни.

Според податоците на Државниот завод за статистика стапката на сиромаштија е највисока кај најмладите, односно кај лицата до 17 години, и таа изнесува 28,6%. Најниска е кај најстарите, односно кај оние со над 65 години, и кај нив изнесува 14,5%.