петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Рама: Отворениот Балкан донесе само добри работи во регионот

Рама: Отворениот Балкан донесе само добри работи во регионот

Албанскиот премиер Еди Рама денеска при посетата на Скопје изјави дека Отворениот Балкан му донесе само добри работи во регионот и дека премиерот Албин Курти згрешил што не учествувал во таа иницијатива, пишува Albanian Post.

„Каква штета му донесе Отворениот Балкан на регионот? Погледнете ги резултатите од трговијата. Не разбирам како сè уште има сомнежи кога фактите зборуваат јасно. Што се однесува до братството или крвопролевањето, мислам дека тоа е најпогрешниот начин на албанската мисла денес веќе нема начин да се остане во минатото, да се дискутира кој е вистински патриот, највистински патриот е тој што ја сака својата земја и кој не сака зло. Кој не учествувал на Отворениот Балкан направи грешка“, рече Рама на заедничката прес-конференција за медиумите со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.