недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Славески: Темната страна на економијата е лошата состојба во градежништвото

Славески: Темната страна на економијата е лошата состојба во градежништвото

Професорот на економскиот факултет од Скопје,како и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на 24 Телевизија, во емисијата Анализа, говорејќи за економските текови во Македонија, истакна дека темна страна на економијата особено оваа година кога имаме функционална влада цела година е лошата состојба во градежништвото.

Славески вели дека реализацијата на капиталните проекти е една од причините и прашање е и дали ќе се достигне и 50 % од она што беше предвидено со ребалансот на буџетот.

Исто така стопирањето на градбите во некои од општините, што е резултат на мерки превземени од страна на градоначалниците.

Тој вели она што загрижува е фактот што активностите на градежништвото се концентираат дома, иако за да се започне со еден проект некаде се потребни неколку месеци, но и некогаш се потребни неколку години за подготовка.

-Она што загрижува е тоа што оваа влада имаше готови проекти, имаше започнати, недовршени проекти, и во такви околности на готови, започнати проекти се покажа многу лош менаџмент во менаџирање на проектите и од таму е слабата реализација , вели тој.

Славески истакна дека за да се збори за позитивни состојби во градежништвото за две години, сега треба да се работи на подготовка на некои проекти, но сега засега впечатокот е дека не се работи на тој план. Ова значи големо потфрлање, што секако се одразува и на вкупната економија, како и фактот што паузата која што е направена во градежната офанзива ќе ја чини економијата, вели  професорот.

Во однос на прогресивното оданочување кое што Владата сметаше дека треба да го донесе, Славески истакна дека постои голема неизвесност кај компаниите и смета дека со ова прогресивно оданочување кое што го наметна Владата, ние губиме една од компаративните предности која што ја имавме претходно , а тоа е зголемување на трошоците на претпријатијата.

-Еден од најголемите проблеми е зголемување на даночниот товар за земјоделските производители која што е ранлива гранка во македонската економија, вели Славески.

Професорот истакна дека не секогаш даночниот обврзник е оној кој што го плаќа данокот, како кај кириите, кои веројатно ќе се зголемат.

-Негативните последици од ова прогресивно оданочување ќе ги видиме уште во првата половина од следната година, вели Славески.