недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Утре нови цени на горивата

Утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука донесена од РКЕ минатата недела, цените на нафтените деривати во земјава се зголемија во просек за 1,01% .

Дизелот поскапе за 3 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на бензините и мазутот останаа непроменети.

Ова се актиуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)