Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на Општинскиот комитет Бутел каде што разговарал со членовите и ги слушнал нивните барања потреби.
Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека ова е одлична можност за да ги слушне потребите и да размени мислења за актуелните политички случувања и заеднички да ги дефинираат идните чекори.
-На состанок со членовите на Општинскиот комитет Бутел. Ова е одлична можност да ги слушнам барањата и потребите на нашите членови, да размениме мислења за актуелните политики и нивните мислења за понатамошните чекори, пишува Христијан Мицкоски во својот фејсбук статус.
Тој понатаму вели дека државата се соочува со економско фијаско и граѓаните се разочарани, а народот осиромашува и младите ја губат преспективата.
-Воедно да ја споделам мојата визија за развој на ВМРО-ДПМНЕ, која е визија базирана на вистинскиот мотор на партијата општинските комитети, и визија која ќе одговори на потребите и очекувњата на реалниот човек. Заеднички констатиравме дека државата се соочува со економско фијаско, граѓаните се разочарани, народот осиромашува, а младите ја губат перспективата, консеквентно на тоа иднината е загрозена, пишува Христијан Мицкоски во својот фејсбук статус.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека треба да ја надминеме општествената запуштеност пред да буде предоцна
-Проблемите се заеднички, а решенијата ги нема. Изневерени се очекувањата од владата, а ВМРО-ДПМНЕ ја има обврската да понуди решенија, кои подразбираaт пред се цврста економија и повеќе пари за граѓаните, подобро образование, квалитетно здравство. Да ја надминеме општествената запуштеност пред да биде предоцна. Потребно е работа и создавање на услови за пристоен живот за граѓаните. Оваа битка допрва почнува, пишуваМицкоски.