На 02.10.2022 во 02,00 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е приведен Б.М.(19) од Скопје кој агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да го напушти местото на настанот.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.